Медицина…сончаница…sunburn skin!

Ејјј… bijonse1 …немој да заспиеш на лежалката … ќе изгориш…

Изгорениците од сонце се појавуваат како резултат на предолго изложување на сончева светлина, т.е. УВ-зраците… кожата забрзано произведува заштитен пигмент меланин, овој пигмент влијае врз тоа каков тен имате и ги блокира УВ-зраците со цел да ја спречи појавата на изгореници всушност е причината за добивањето на потемен тен..

Сончаницата претставува , како да кажам , моментално оштетување на мозокот кое што е предизвикано од сончевото зрачење и тоа поради изложување на главата на сонце без заштита, во време кога сончевото зрачење е најсилно, од 11 до 16 часот…тука станува збор од бебче па до постари…дури може да дојде до оток – благ едем на мозокот (енцефалопатија ) и тоа кај особи кои што имаат претрпено некоја повреда , алкохолизирана состојба…

и тоа последиците од сончаницата не се појaвуваат веднаш додека сте на плажа, туку после 6 до 12 часови со зашеметеност, главоболка, млитавост, црвенило на лицето, мачнина и повраќање или појака сончаница сo несвестици, халуцинации, грчеви и вкочанет врат… значи не е шала ваквата состојба затоа не треба многу филозофија немојте гологлави на најакото сонце…

кога веќе сме ја утнале работата и веќе не фркна сончаница треба да ставаме ладни облоги на челото и главата, како и мраз ондак да се пие ладни напитоци и да се проверува телесната температура треба постојано да се контролира и со ладењето може да се престане кога телесната температура ќе се врати во нормала под 38 степени целзиусови…

против главоболката од сончаница се дава мускулен аналгетик во комбинација со антиеметик и кортикостероид ,а во болница дури инфузија манитол поради остранување на можен мозочен едем…
по сончаницата се појавуваат главоболки кои што можат да траат и со денови, преосетливост на звучни и визуелни сензации, шум во ушите, раздразливост и општо незадоволство…болниот мора да се одмора во затемнета и изладена соба без телевизор и компјутер…

сончаницата може да се избегне доколку се користи заштита за главата што ја знам капа , сламен шешир и доколку повеќе се седи на сонце треба како тој селанецот на нива да се прскаме и штркаме со вода по лицето и главата, врат и нормално да се пијат многу течности и не многу физички активнсоти повеќе одмарање…

ај сега малку стручно од аспект на олигоелементи демек минерали … една мала навика на внес на истите како може да има голема улога во нашиот организам…
селенот има голема улога во превенцијата на кожниот карцином … се внесува преку уста или се нанесува со креми за сончање штитејќи од УВ зрачење… го намалува ризикот од настанување на црвенило и изгоретини дневниот внес на селен, со цел да се заштити кожата во летниот период, од 50 до 100 микрограма селен дневно, зошто го кажувам ова ? затоа што пазите ваму , селенот во високи дози е токсичен и не се препорачуваат повисоки дози од препишаните…

цинкот игра важна улога во репарирањето на оштетувањата настанати во кожата , со внес на цинк може да делува поволно при изгоретини, екцеми, псоријаза и кожни алергии… и уште нешто… цинкот делува поволно и на косата го забрзува растот и може да го намали нејзиното опаѓање и пукање што е посебно изразено во овие летни денови…

Ај една мала помош за тие што се спремаат или веќе се на одмор некаде на море или езеро или едноставно за тие што се изложени во текот на цел ден на сонце да речеме професионално работејќи или едноставно земјоделец кој цел ден аграрише… прво запамтите никако немојте да ја лупите изгорената кожа и да се прскат пликовите , кожата се смирува со ладни облоги, со ладна купка и туширање со лосионите од камилица или гел од алое вера, кои го намалуваат воспалението , додека сувоста и лупењето на кожата може да се ублажи со хидратантна крема…

како најсодветно се сите кремови и лосиони што содржат алое вера која е најдобра против изгореници потоа етеричното масло на лавандата е исклучително ефикасен антисептик кој ја намалува болката и помага за побрзо оздравување на изгорениците и лузните , така да ако ова лековито етерично масло се примени веднаш по појавата на изгоренците, болката и црвенилото брзо се повлекуваат, без да остават последици – лузни…

невенот традиционално се користи во вид на маст или масло од невен за рани кои споро зараснуваат и изгореници…

кантарионот делува и како аналгетик (природен лек против болка) и како облога се користи за намалување на болките од изгорениците…

разредениот јаболков оцет може да ни помогне и при изгорениците од сонце спречувајќи ја појавата на пликови и ќе ја намали болката… медот е исклучително ефикасен во смирувањето на изгорената кожа… свежо излупената кора од надворешниот дел на компирот крие антибактериски својства кои помагаат за побрзо заздравување на изгорениците…

кај благите изгореници може да помогне и пченкарно брашно, како и традиционалниот лек – кисело млеко, кое треба да се нанесе на болните, изгорени места.

неколку дена по изгорениците кожата започнува да се лупи , всушност телото се ослободува од оштетената кожа…не се притиска меурите по кожата оти пукање на меурите само ќе го забави процесот на заздравување, а ќе го зголеми и ризикот од појава на бактериска инфекција , е сега ако меурите се тријат од облеката се заштитува со завој и кога ќе пукне меурот, најдобро е да се премачка местото со антибактериска крема….

и кога веќе намерно сакате да добиете ,, боја,, велиме се сончате тогаш немојте да носите разни ланци , часовници демек украсни бижутерии поради смешните бели места што ќе останат неисончани , а посебно наочари оставајќи смешни бели кругови околу очите…

кожата на малите деца и на повозрасните луѓе (над 60 години) е почувствителна на сончева светлина… најголема е веројатноста за изгореници од сонце е во периодот од 10 до 16 часот, затоа што сончевите зраци тогаш се најсилни…покрај море за разлика кога шетате во град се ,, гори ,, побрзо затоа што големата површина на вода ги рефлектира сончевите зраци…

телото не може да произведува неограничено количество меланин , како резултат на предолгата изложеност на сонце, кожата започнува да „гори“, да станува чувствителна на допир и да боли, а воедно се појавува црвенило и во некои случаи меури…

затоа што скоро 90% од сончевите зраци продираат низ облаците можеме да ,,изгориме,, и под сенка …

луѓето со светла кожа почесто добиваат изгореници од сонце затоа што луѓето со темен тен имаат повеќе меланин, којшто ја заштитува кожата од изгореници...

за заштитните кремови , лосиони и млека и нивното користење нема да коментирам тоа се подразбира и се знае…

нека летото ви биде пријатно т.е. годишниот одмор покрај езеро или море нека ви биде вистински одмор … немојте да изигравате месо на скара…верувајте нема да бидете поубави отколку кога сте биле ,, бели,, !!



Nebare chitam chlanak vo nekoj zenski magazin.Bravo biojonse1 ,odlicen post.
Pozdrav
Z
zoriv said this on јули 16, 2011 at 7:15 pm
mastape said this on јули 16, 2011 at 7:26 pm
Постот е супер,поучен и браво.
Иако секогаш имаме информации за проблемите со сонцето,
секогаш исти грешки се прават.Дало од неиформираност или
други причини на плажите секогаш можеме да забележиме по некој изгорен,како рак на жар.
За пследиците вероватно не мислат.
И ова е прилика малку повеќе да се обрне внимание на себе.
Браво bijonse1
filip22 said this on јули 16, 2011 at 7:35 pm
фала zorive…и опет фала за твојот пост околу тежината интересни моменти искажуваш , посебно со јогуртот…
за мастепе бој
филипе ти никогаш не си бил рак на жар ?
bijonse1 said this on јули 16, 2011 at 11:02 pm
Хе,зависи во кој смисол.
Ама од сонце никогаш,не е можно
јас не црвенеам,црнам.
filip22 said this on јули 16, 2011 at 11:23 pm
аааа филип има меланин за извоз..
bijonse1 said this on јули 16, 2011 at 11:26 pm