header image
 

Прилеп град херој – 11Октомври in your honor!

Prilep%20Panorama

По повод празникот 11 Октомври му посветувам пост на градот Прилеп …

ПРИЛЕП за прв пат бил спомнат во 1019 год како еден од најважните стратегиски , политички и воени места..

најважните и најпознатите антички патишта кои ги поврзувале целиот Балкан поминувале низ Прилеп како и најкараткиот пат кој ги поврзувал Венеција и  Дубровник  со Солун…

многу култури поминале низ оваа земја како хелениската , романската , византиската , словенската…

монументални локалитети од античкиот период се Бедем во Чепигово , Безистен помеѓу Прилепец и Волково , најдени се и остатоци од античките градови Стибера , Алкомена , Керамиа , Колобанса

Prilep%2013

монументи од среден век се црквата Св.Никола и Св.Успение Богородица која е дел од манастирот Трескавец  , па манастирот со црквата Св.Преобразение која се ноаѓа во селото Зрзе…

Градот сам по себе е историско и културно  место како центар на најголемите политички и територијални организации и важно политичко и воено место каде што престојувал Крал Самоил … ова место го завзема просторот измеѓу Маркови Кули па се до Варош и Заград… на Тврдината од Марко Крале  се наоѓа еден од петте најголеми места во Балканот кои имат природен , одбранбен ѕид надоплнет со многу згради и порти…

%5bl_31b4ab850f19d4587df8dd204696f4f2b.jpg%5d


Прилеп бил центар на Македонското национално движење за слобода , за време на Илинден дал многу борци како Пере Тошев , Ѓорче Петров , Петар Ацев...

Во периодот на воздигнување на македонската култура и национална обнова Прилеп бил важен центар на словенската писменост , литература и  култура … во овој период се одвивале многу едукативни активности кои биле спроведени од учителите како Јордан Константинов-Џинот , Димитар Миладинов, Рајко Жинзифов и Кузман Шапкарев … големо влијание имал и Марко Цепенков кој ги собирал македонските фолклорни песни , приказни , легенди , гатанки и умотворби…

%5bPrilep6.jpg%5d

На 11 Октомври 1941 год во Прилеп со нападот на Полициска станица започна ослободителната револуција на македонскиот народ за своја слобода и независност и против фашизмот…

http://forum.idividi.com.mk/uploads/2009/20091125_211914_Mice_Kozar_i_Tr.JPG

започнува цитат : …Со првите истрели што беа испукани од 16 прилепски храбри момчиња ноќта на 11 Октомври 1941 година, беше означен почетокот на востанието на македонскиот народ, чијашто борба беше крунисана по не цели три години во “Прохор Пчињски”.

YouTube Preview Image

Од тој ден поминаа повеќе од шест децении, повеќето од нив се живи, но останаа забележани нивните сеќавања…

Милан Димоски-Коке, еден од последните живи учесници во настанот кога беше испукана првата пушка, раскажува: “Беа формирани три групи – едната да го нападне Участакот, другата затворот, а третата да ги прекине телефонските жици. Бев во групата што требаше да го нападне Участакот. Јас и Драган Спиркоски-Максо носевме пушки, Душко Наумовски имаше пиштол, а двајца – Благоја Спиркоски и Аспарух Јосифоски, брат на Кузман Јосифоски-Питу, носеа бомби. Додека одевме кон Участакот, најтешко ни беше нам со пушките. Участакот беше во градот, мораше да се помине низ главните улици, а нив не можевме да ги скриеме.”

Затоа морале да се движат внимателно. Ако некаде имало светло, морале местото да го заобиколат, ако забележале патрола, да се скријат. Тоа биле најтешките моменти за сите нив. Нивната главна задача била да спречат никој да не излезе и никој да не влез во Участакот и да пукаат во секој што ќе се обиде во тоа. Со тоа се сакало да се спречи секаква помош за затворот што го напаѓала другата група.
Милан Димоски-Коке подробно објаснува за секој детаљ што го преживеале таа ноќ, за тоа како Душко пристигнал до стражарот и со пиштолот директно пукал во него. Истовремено, во стражарот стрелале и тие за да го докрајчат, а потоа пушките ги свртеле во вратата и во прозорците на Участакот. Сў се одвивало во од. Додека тие пукале со пушките, бомбашите фрлиле бомби во зградата, а во затворот се развила уште поголема пукотница…

Ниту групата што го нападнала Участакот, ниту таа кај затворот, ниту пак борците што ги сечеле жиците, немале загинати и повредени. Подоцна дознале дека загинал стражарот, но што, всушност, се случило внатре во зградата, колкумина биле убиени и повредени, никогаш не дознале. Се коментирале разни работи, но од Бугарите не биле потврдени…

http://www.sojuznaborcibitola.org.mk/galerija/images/J.SANDANSKI.jpg http://kjosifovskipitupp.schools.edu.mk/kuzman/images/img045_03.jpg

Во групата млади прилепски партизани што ги нападнаа бугарските фашистички сили беше и Љубен Георгиевски-Љупта. Вака тој своевремено го раскажува нападот на полицискиот участок , ноќта на 11 октомври 1941 година цитиран во енциклопедискиот лексикон “Сто македонски години -1903 -2003″ на издавачката куќа МИ-АН: “Ударната група (бомбаши: Аспарух Јосифоски, командир на групата, и Блаже Спиркоски; Милан Димоски-Коке и Драган Спиркоски, и двајцата вооружени со пушки, и Душан Наумоски, вооружен со револвер – тој требаше да го ликвидира стражарот) за напад на полициската станица тргна од мостот Ќемерлија по сувото корито на Дабничка Река. Одеа во ноќта тивко, молкум…

http://www.taratur.com/files/11.10prilep1944a.jpg 139621628hOwOWf_ph.jpg%20image%20by%20ovaj_stariov

Полициската станица беше крај самата река. Од реката ја делеше само патот… Убаво засолнети, чекаа да се појави Душко. Возбудата растеше и стануваше, речиси, неподнослива. По некое време, ги слушнаа чекорите на Душко. Идеше ноншалантно како да е на корзо, на шетање. Го помина мовчето… тргна кон поштата по патот што водеше кон неговиот дом. Стражарот пред Участакот ја префрли пушката преку десното рамо и почна да се шета пред влезот. Душко замина неколку чекори. Кога имаше можност, погледна на часовникот, што само тој го имаше, и виде дека треба да се врати назад – се ближеше 22 часот! Стражарот го препозна и не ја впери пушката кон него….

http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/0/07/%D0%9C%D0%BE%D0%B3%D0%B8%D0%BB%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%BD%D0%B5%D0%BF%D0%BE%D0%B1%D0%B5%D0%B4%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5.jpg

Кога му се приближи, Душко го извади револверот и испука во неговите гради. Стражарот падна и се испружи врз пушката. Душко веднаш се упати кон мовчето, а оттаму, низ Ат-пазар, кон собирното место по акцијата. Стрелците пукаа од пушките по прозорците од зградата на полициската станица, а бомбашите ги фрлаа бомбите, исто така, кон прозорците. Настанаа застрашувачки експлозии… Востанието почна!°.

http://i12.tinypic.com/2zexz10.jpg http://www.vlada.mk/files/images/novosti/Mogila.jpg

Во групата која требало да го нападне затворот се наоѓал и Никола Попоски-Просветениот, кој вака го раскажува тој настан: “Нашата група имаше задача да изврши напад на затворот, откако ќе го чуе договорениот истрел пред Участакот. Точно во договореното време бевме пред затворот. Се засолнивме на аголот меѓу бившата улица “Пашиќева° и улицата што води кон Соколаната. Силно возбудени го очекувавме договорениот знак. Од стражарот на затворот бевме оддалечени 12-15 метри. Градскиот часовник почна да отчукува десет часот навечер. При последното отчукување, од кај Участакот се слушна истрел. Во тој момент, без каква и да е команда, како по инерција, сите потрчавме кон затворот. Кога се појавивме на улицат, бевме пречекани со силен оган. Настана престрелка на која и се придружија и офицери од Офицерскиот дом, кој се наоѓаше до затворот. За да се замолчи стражарот, јас требаше да фрлам бомба на него. Имав една “крагуевка°. Со силен замав ја фрлив бомбата кон стражата. Стражата за миг замолчи. Потоа се повлеков кон групата°…

http://voiceskopje.files.wordpress.com/2010/01/mkd-tour-050.jpg 91PrilepMarkoviKuli.jpg%20Prilep%2009%20image%20by%20Persey_bucket

Благоја Корубин го дополнува раскажувањето на Просветениот: “За да не им испаднеме сомнителни на минувачите, решивме да ја поделиме нашата група на два дела: тројца останаа кај што бевме (јас – Благоја Корубин, Никола Попоски-Просветениот, командир на групата и Јонче Јаничот), а другите тројца излегоа на улицата кај Соколаната: Мицко Козар, Перо Крстески и Душан Ристески-Кашата. Одекна долгоочекуваниот истрел. Веднаш јас и Никола Попоски се упативме кон затворот, а другите по нас. Полицаецот што беше на стража при влезот во дворот на затворот пукна кон нас. Нў испревари. Очигледно беше дека пукотниците кај полициската станица го алармирале, па кога ги чул нашите чекори по калдрмата, веднаш се посомневал. Го извадив револверот и пукнав накај него. Веднаш по мојот пукот, некој од групата фрли бомба накај затворот. Никола вели дека бомбата ја фрлил тој, а мој впечаток беше дека бомбата ја фрли Перо Крстески-Шнајдерот. Уследи нашето повлекување поединечно и во трк кон зборното место°…

Милан Димоски-Коке ни објаснува дека многу поголеми проблеми имале за време на повлекувањето, отколку за време на нападот. На местото каде што требало да се сретнат по акцијата одеднаш се нашле Бугарите и припукале кон нив. Подоцна се сретнале со другата група на Трајко Бошкоски-Тарцанот и Борка Талески. Решиле да тргнат кон планината, меѓутоа, Тарцанот покажал голема итрина и им рекол: “Бугарите сигурно ќе тргнат кон планината за да не бараат, но ние да слеземе долу в поле°. И така осуммина, од планината се симнале во нивјето, поминале покрај Институтот и преку пругата Битола – Скопје заминале кон Брод, Бело Поле, Сарандиново.

Устите ни се исушија. Таму каде што ќе најдевме вода, ќе ја наведневме главата за да ја згасниме жедта. Каде што ќе видевме светлина, моравме да ја заобиколиме, каде што ќе слушнавме да лае куче, исто така моравме да се тргнеме настрана. И така ја фативме Ропотовската Планина и се најдовме во една мала шумичка. Не можевме да одиме понатаму, паднавме од умор, раскажува Коке, кој вели дека тие што ја негираат македонската борба и кои тврдат дека историјата почнувала со нив не можат да му ја одземат првата пушта, со која пукал во Прилеп.

Токму на тој 22 јуни 1941 година, во раните утрински часови, во Козле во Скопје, на партиското советување под раководство на Перо Ивановски – Тиквар, триесетината учесници дознаа дека фашистичка Германија подмолно го нападна СССР. Тиквар го смени дневниот ред и за новонастанатата ситуација одлучи: да не се чека директива – во борба (или, како што објави Шарло: “Чукна часот!”). А за оружена борба требаат подготовки (секако, повеќе отколку за свадба во тоа време). Веднаш е формирана е Воена комисија на чело со Шарло, формирани се диверзантски групи (за Ацо:”нужно прифаќање на директивата од СССР, по говорот на Сталин на 4.7.1941″?!), извршени се диверзии и саботажи, формирани се два партизански одреди – Скопскиот и т.н. Прилепска чета итн.

На годишнината од одржувањето на Првата покраинска конференција (8.09.1940) на која е избран ПК и се донесени историски одлуки за создавање на самостојна и независна Македонија со право на отцепување. На годишнината од тој настан, на 8.09.1941 година т.н. Прилепска чета изврши акција со голем симболичен ефект – во вооружениот напад врз железничкиот тунел Богомила е убиен бугарски војник и со одземената пушка е пукано против другите окупаторски војници. Скопскиот одред е растурен на 3 октомври, една недела пред 11 октомври, а т.н. Прилепска чета не доби одзив на јавката за да учествува во нападот на Прилеп…,, затворен цитат..,,

превземен цитат во чест на градот Прилеп и неговите борци !!!

YouTube Preview Image

за Прилеп аплауз !!!

~ by bijonse1 on октомври 11, 2011. Tagged: ,

2 Responses to “Прилеп град херој – 11Октомври in your honor!”

  1. Прилеп дал голем брј на херои и иако можеби не е место и време тука треба да се спомнат и Прилепските херои во 2001.
    прилеп град херој… Горд сум шо имам корени од таму..

  2. прекрасно…

Leave a Reply

You must be logged in to post a comment.